More

    Мицкоски ја почна кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените”

    spot_img

    ВМРО-ДПМНЕ како идна влада има намера да реалоцира од централниот буџет за проекти во Охрид средства до 8 милиони евра годишно или за 4-годишен мандат 32 милиони евра – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот прв ден од кампањата под мото „Важно е! Од тебе зависат промените”, која почна од Охрид.

    – Тоа се навистина значајни проекти, на дел од тие проекти како што е проектот за канализација и пречистителна станица во населеното место Трпејца ќе посветиме посебно внимание денеска. Но, не е само тоа, тука се и други проекти, нов водоснабдителен систем наречен проект Свиништа, односно проект кој што ќе биде помеѓу 8 и 9 милиони евра со кои што според тоа што го добиваме како информација би се обезбедило стабилно навремено снабдување на Охрид со вода би рекол а следните 50-тина години, без разлика на пикот на туристичката сезона. Но, и не само тоа, и други канализациони мрежи во други населени места, училишта, инфраструктурни проекти, катна гаража која што се планира во центарот на градот итн.

    Голем дел од тие проекти планираме да бидат реализирани како реалокација од централната влада. Јас можам да сумирам и да им честитам и на Пецаков и на советниците кои што ја поддржуваат работата на Пецаков и на администрацијата, за тоа што е направено до сега во овие речиси две години локална самоуправа под раководење на Кирил Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ овде во Охрид, да ги охрабрам да продолжат свесни комплетно за тешката ситуација со која што се наоѓа општината. Но и свесни комплетно за односот на централната влада кон општината и кон охриѓани, бидејќи знаете дека тие секаде онаму каде што во 2021 година имаше победа на градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат насилнички, се лимитираат, се кратат средства, не се инвестира итн. Нешто што нема да биде пракса за идната влада за неколку месеци од денеска – рече Мицкоски.

    Мицкоски додаде дека со новата кампања планираат да ја поминат цела Македонија, директно од терен да разговараат со граѓаните, организации, здруженија, целни групи и да слушнат од прва рака што е она кое што претставува акутен проблем, што е она коешто недостасува, и за истото да понудат решенија, кои ќе бидат содржани во идната програма која што ќе биде дел од кампањата за следните парламентарни избори.

    – Ова е еден нов пристап, на неколку месеци пред почеток на кампањата сакаме јасно да ги дефинираме приоритетите на нашите граѓани, на економијата, на целните групи, на луѓето кои што денеска се во Македонија и кои што денеска се грижат и им значи Македонија да успее. Затоа велиме дека е важно, алармот е вклучен и ние цениме дека со оваа акција можеме навистина да имаме една исклучително содржајна кампања – рече Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img