Лажната кампања на СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ е раководена од Будимпешта се распрсна како меур од сапуница и нивната петарда пукна во нивна рака – изјави денеска во Новаци лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Мицкоски посочи дека од СДСМ ќе измислат уште нешто и дека вистинските патриоти во СДСМ треба да дојдат на вистинските места, што како што вели, може да се случи штом партијата се врати во опозиција.
Тој денеска од Новаци повторно демантираше дека имал тајни средби околу измените на Кривичниот законик.
За „војната“ и препукувањата со поранешниот премиер и негов претходник, Никола Груевски, Мицкоски истакна дека „сака Македонија да оди напред, а да не биде заглавена во тајните средби меѓу Ахмети, Груевски и Ковачевски“.
– Гориме од желба за парламентарни избори за да покажеме колкава е единството во ВМРО-ДПМНЕ. Ако доскоро бев во дилема дали сме блиску до 61 пратеник, сега сум убеден дека тоа е возможна цел – рече Мицкоски пред присутните новинари.