More

    Мицкоски им одржа лекција на идните функционери

    spot_img

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за формирање нова влада Христијан Мицкоски од обраќањето на свеченоста „34 години ВМРО-ДПМНЕ, 131 година ВМРО, завет, слобода, иднина, продолжуваме“ искажа почит кон сите негови претходници и членови на партијата потенцирајќи дека сега партијата е обединета и силна и останува тоа што отсекогаш била партија на народот.

    Мицкоски кажа дека за неколку дена ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада и упати порака до идните функционери да ги засукаат ракавите бидејќи ги чека напорна работа и силни реформи.

    – Никој од овде во салата не смее да застрани. Немаме сто дена, ниту грејс период… Не може никој од вас да има приватни бизнисни и да води институции – порача Мицкоски.

    Не смеете, продолжи тој, да останете недостапни за граѓаните. Побара работа, чесност, исполнителност, транспарентност. ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски постои за Македонија.

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека и покрај разликите со СДСМ и другите партии, тој ќе работи на градење на единствени државни позиции за стратешките прашања за земјата.

    – Им подавам рака за македонско национално единство – рече Мицкоски.

    Осврнувајќи се на објавите дека, како што кажа, премногу позиции им се дале на партиите од коалицијата Вреди, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар, кажа „ние не даваме, ниту земаме“ и оти сѐ додека коалициските партнери работат по закон, ќе бидат еднакви партнери.

    – Доколку кој било застрани, ќе биде веднаш санкциониран, вклучително и од нашата партија, ќе биде повикан на одговорност – порача Мицкоски.

    На денешната свеченост „34 години ВМРО-ДПМНЕ, 131 година ВМРО, завет, слобода, иднина, продолжуваме“ што се одржа во театарoт „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во Велес, Мицкоски потенцираше дека нема да отстапи од идејата за Македонија.

    – Ќе се однесувам со еднаква почит кон секој претходен претседател. Најважно е што ВМРО-ДПМНЕ е обединета, силна и останува она што била отсекогаш, партија на народот. Нека е вечна идејата и каузата, уште многу години борба – порача тој.

    Мицкоски нагласи дека, како што рече, „нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ да стане тоа што беше и е СДСМ, ниту Коалицијата Вреди да стане ДУИ.

    – Ќе ги решаваме сите проблеми со посветеност. Нема од мене да видите двојни стандарди, ќе се однесувам согласно уставот и законите во државата и нема да подлегнувам на темите кои нè оддалечуваат и разединуваат – дополни тој.

    Мицкоски, кој е мандатар за формирање нова влада, синоќа ги соопшти имињата на министрите што ќе ги предложи, а изминатите денови тоа го направија и Вреди и ЗНАМ, кои ќе бидат дел од новата владина коалиција.

    Новата влада се очекува да биде формирана најдоцна до недела на полноќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img