„Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија објавен во Службен весник од 18.01.2017?“.
Ваков предлог за референдумско прашање соопшти вечерва лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако Извршниот комитет на партијата го усвои референдумското прашање.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе ги започнат процедурите за распишување референдум и дека тој референдум ќе биде задолжителен.
– Извршниот комитет на нашата партија вечерва донесе одлука за граѓанска иницијатива за собирање потписи за референдум. Во текот на наредната недела ќе собереме најмалаку 100 кваификувани потписи за иницијативата да ја доставиме во Собранието. По одобрувањето, ќе започнат роковите за собирање потписи за задолжителен референдум. Референдумксото прашање ќе се однесува на Договорот со Бугарија кој го склучи Зоран Заев. Тоа е основата на проблемот. ВМРО-ДПМНЕ ќе повика да се гласа „за“ на прашањето. Власта да дозволи народот да се изјасни – порача Мицкоски.