More

    Мицкоски ги објави новостите во Владата и министерствата

    spot_img

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, но и иден мандатар, Христијан Мицкоски го поднесе до Собранието предлог-законот за реорганизација на определен број министерства. Мицкоски пред медиумите истакна дека е предвидено Министерство за економија и труд, кое според него, ќе биде Министерство кои ги опфаќа дел од ингеренциите од старото министерство, на кој додаден и сегментот труд, за да можат работодавците и работниците да бидат во едно место.

    Според него, Министерството за социјална политика и труд ќе биде Министерство за социјална политика, демографија и млади. Агенцијата за млади и спорт нема повеќе да постои и ќе има посебно Министерство за спорт.

    Досегашните надлежности на Министерството за економија во делот на рударството и енергетиката, ќе бидат дел од новото Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини. Исто така, делот од ингеренциите кои ги имаше Министерството за економија, во делот на туризмот, ќе бидат присоединети во новото Министерство за култура и туризам.

    – Ново министерство ќе биде и Министерството за администрација – најави Мицкоски на прес-конференција во Собранието.

    Тој потенцираше дека пред изборите кои поминаа ветивме функционална држава, ефикасна влада која ќе спроведе реформи и ќе го подобри животот на сите граѓани, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од собранието.

    – Причините поради граѓаните ни ја дадоа поддршката на изборите се политиките кои треба да ги преземе идната влада и да ги реализираат. Треба да донесе владеење на правото, сите кои се огрешиле пред законот да одговараат пред истиот. Да нема повеќе малкумина граѓани од прв ред и многумина од втор и понизок ред. Да донесеме реформи во економијата, да го подобриме стандардот, условите во образованието – рече Мицкоски.

    Тој додаде сето ова што е ветено да се реализира е потребна добра организација на владата. Па поради тоа врз основа на членот 71 став 1 од Уставот и членовите 139, 144 и 175 од собранискиот деловник, го поднесе предлог на закон за измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа по скратена постапка.

    – Поднесувам предлог на Закон за измена на Законот за организација и работа на органите на државната управа. Ја барам поддршката на сите пратеници, без разлика на партиите. А легитимитетот го темелам врз основа на изборните резултати на ВМРО-ДПМНЕ и професорката Сиљановска-Давкова. Легитимитетот е јасен, кредибилитетот и легалитетот исто. Ова беше изборно ветување, идентично на она дека идната Влада, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прави со опозициските партии, а денес се дел од владиното мнозинство – рече Мицкоски.

    Тој објасни што опфаќа законот.

    – Со овој закон се предвидува да бидат формирани или реорганизирани определен број на министерства во Владата и тоа со Министерството за економија и труд кое ќе биде министерство кое ќе ги опфаќа дел од ингеренциите на старото Министерство за економија и ќе му се додаде „труд“ за работодавците да можат на едно место да ги реализираат своите обврски, дијалог итн. Агенцијата за млади и спорт нема да постои туку ќе има Министерство за труд. Надлежностите за рударството и енергетиката ќе бидат во надлежност на Министерството за рударство, енергетика и минерални суровини. Министерството за култура ќе стане Министерство за култура и туризам. Новоформирано Министерството за дигитализација ќе ги наследи надлежностите на досегашното Министерство за информатика, а ќе има и ново Министерство за администрација – рече Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img