Мицкоски е убеден дека граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, изјави денеска македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Како што вели, тоа му го кажувале самите граѓани кога ќе го сретнеле случајно на улица.

– Тоа е јасно, на сите анкети тоа се говори. Дури има и такви минувачи што на улица ме среќаваат кои самите кажуваат дека повторно вас ќе ве гласаме, зошто да трошиме пари, дајте да испорачаме тоа што е сработено – вели премиерот.

Тој посочи и дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија и коалицијата што ја предводи, секогаш е подготвена за избори.

– Имаме локални избори следната година и граѓаните на тие локални избори ќе кажат дали се потребни парламентарни или не се потребни – рече Мицкоски на денешниот Бизнис форум „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“.

Премиерот порача дека локалните избори би биле прв тест.

– Ако тие речат црвен картон има Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ако ги изгласаат градоначалниците на ДУИ и на СДСМ, тогаш јасна е пораката, ние нема воопшто да ја игнорираме таа порака – рече тој.

Но, ако победи ВМРО-ДПМНЕ, очекува реформи во сегашната опозиција и нова средба на следните, редовни парламентарни избори во 2028 година.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети на вчерашната средба со граѓаните во Кичево истакна дека во октомври следната година заедно со локалните ќе се одржат и воредни парламентарни избори.

- Advertisement -
Ad image

– Христијан Мицкоски на седница за пратенички прашања излезе отворено и рече повелете да одиме на избори. Јас го држам за збор. Локалните и парламентарните избори ќе се одржат во октомври следната година – рече Ахмети.

Инаку, самиот Мицкоски на првите пратенички прашања за неговата Влада одржани на 31 октомври ја фрли ракавицата за предвремени парламентарни избори кои би се одржале заедно со локалните во октомври следната година.

Тој ова го кажа откако лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, повика Владата да си поднесе оставка.

- Advertisement -
Ad image

Последните парламентарни избори се одржаа на 8 мај, а по нив ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ ја формираа новата Влада.

СДСМ и ДУИ, по седумгодишно владеење, заминаа во опозиција.

Share This Article