Мицкоски: До почетокот на декември владата ќе исплати К-15 на 84.000 вработени

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

До почетокот на декември владата ќе исплати К-15 на 84.000 вработени, изјави премиерот Христијан Мицскоски, запрашан дали наставниците ќе добијат регрес за годишен одмор за годинава.

– Во ребалансот на буџетот се планирани 1 милијарда денари за таа намена. Исплатата ќе се реализира при крајот на ноември и почетокот на декември за да се опфатат што поголем број на вработени, знаете дека вработените по закон треба да работат 6 месеци за да добијат регрес на годишен одмор, што значи ќе бидат опфатени поголем број на вработени– рече Мицкоски.

Тој потсети дека во буџетот за годинава, претходната влада не планирала пари за регрес на годишен одмор за овие вработени.

Share This Article