More

    Мицкоски чека Ковачевски да ги прифати неговите предлози

    spot_img

    Иако средбата Ковачевски-Мицкоски заврши без договор, поради што и претседателот Стево Пендаровски одби да ја коментира, не престануваат тврдењата на СДСМ дека Мицкоски прифатил уставни измени, но без осврт кон посочените услови под кои опозициската партија би се согласила за тоа.

    ВМРО-ДПМНЕ чека одговор од СДСМ и смета дека е непродуктивно и бесцелно да се продолжи со какви било разговори или работни групи, ако Ковачевски не се согласи со предлозите на Мицкоски.

    – Ние ќе почекаме уште некој ден. Наместо да трошат енергија на посипување пердуви, нека имаат суштински состаноци и нека излезат со став – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Дојче веле.

    Тој вели дека СДСМ е потполно свесен за тоа што го понудил на лидерската средба, но упорната манипулација која се прави со изнесување неточни информации и импутирање зборови, според него, значи отсуство на волја да се направи реален исчекор со решение кое ќе значи зачувување на идентитетот и реална и брза интеграција на државата.

    – Расфрлањето со пердуви е контрапродуктивно затоа што јасно е од лидерската средба дека нема договор, а сѐ уште чекаме одговор од СДСМ – кој од двата предлози кои ги понудив тие го прифаќаат. И на самата средба Ковачевски беше дециден дека нема договор, што и јас го кажав потоа во изјавите пред медиумите. Мојата цел беше да се одглават работите и да се даде поинаква перспектива на процесите, да создадеме решение кое нема да биде на штета на граѓаните и иднината на Македонија. Жалам што СДСМ пропушта голема и историска шанса – вели Мицкоски.

    Тој објаснува дека на средбата со Ковачевски понудил промена на околностите, заштита на националните интереси и европска интеграција.

    – Првиот предлог кој го дадов е преодна влада без ДУИ, измени кои ќе стапат во сила со завршување на преговорите и членството на државата во ЕУ. Вториот предлог е избори, гаранции за националниот идентитет и јазик, економски пакет, и заштита на Македонците во Бугарија преку спроведување на пресудите на судот за човекови права во Стразбур. И измени од влада без ДУИ, поддржана од опозицијата. Она што го понуди Ковачевски се уставни измени под бугарски диктат, и широка влада со ДУИ. Не е поентата ВМРО- ДПМНЕ да дојде на власт во некаква широка влада, туку да изградиме процес и пакт за национално единство каде ќе ги заштитиме националните интереси – објаснува Мицкоски.

    Тој нагласува дека треба да се знае дека не одлучуваат ДУИ и Али Ахмети дали ДУИ ќе ја напушти Владата.

    – Ако се пропушти и оваа шанса, јасно е дека процесот е целосно заглавен, дека СДСМ има намера да донесе решение кое ќе биде штетно, а единствената брана за такви уставни измени ќе останат ВМРО- ДПМНЕ и пратениците кои нема да дозволат тоа да помине. Во тој случај изборите се единственото логично решение – вели Мицкоски.

    На прашањето дали неговото учество на лидерската средба било злоупотребено, Мицкоски вели:

    – Создадоа проблем кој не можат да го решат, прифатија договор кој не можат да го испорачаат, ЕУ-интеграцијата на Македонија е закочена, единствено логично решение беше да се разговора за европската иднина на Македонија. Тоа со задоволство го прифатив, разговарав и понудив решение и покрај тоа што не сум дел од проблемот. Целосно свесен дека можеби определени структури ќе ме нападнат, а кои се во постојана координација со ДУИ и СДСМ. Државнички и одговорно е да се носат решенија кои не се на штета на идентитетот, а обезбедуваат европска иднина. ДУИ и СДСМ одлучија преку тие платени инсталации себенаречени опозиционери да ме нападнат мене и ВМРО-ДПМНЕ. Целта за последна катарза во опозицијата пред изборите е оправдана, а времето ќе покаже што значел нашиот предлог, а кои биле слугите на ДУИ и СДСМ.

    – ДУИ не е во позиција да поставува услови. Доколку СДСМ навистина го прифати еден од предлозите, тоа се: Прво, завршување на процесот сега, со одложено важење кога Македонија ќе ги заврши преговорите и ќе влезе во ЕУ, така го заштитуваме Уставот и идентитетот, нема дополнителни условувања и барања од Бугарија. ДУИ тоа го толкува поинаку, тоа е нивен проблем. Колку побргу заминат во опозиција, толку побргу на Македонија ќе и` тргне. Второ, избори наесен, поддршка на опозицијата во заштита на идентитетот многувековен, традиција, култура, обичаи и јазик пред европските институции од страна на опозицијата, економски пакет од Европската комисија, имплементирање на пресудите од судот за човекови права во Стразбур за Македонците во Бугарија. Што се однесува за ветингот, мојот став е јасен – треба прво ветинг на политичарите и нивните блиски. Милијарди тежи капиталот на политичарите, да докажат како го стекнале и да видиме потекло на имотот, па потоа сѐ друго. Се пријавувам доброволно да бидам прв во тој процес – вели Мицкоски коментирајќи го условот на ДУИ прво да влезат во сила уставните измени, а потоа тие да ја напуштат Владата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img