More

    Мицкоски бара од премиерот да ѝ се извини на пратеничката Стаменкоска

    spot_img

    Шокиран и згрозен сум од настанот, бидејќи хардваровецот Димитар Ковачевски вчера на отворена сцена го покажа сиот свој простотилак, искоментира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на навредите од премиерот упатени кон пратеничката Бети Стаменкоска.

    – Хардвардовецот го покажа вчера на отворена сцена сиот свој простотилак. Но, простотилакот, претпоставувам, го стекнал во животот. Јас нема да го коментирам тој простотилак, згрозен сум, и шокиран од шовинизмот кој што го покажа на отворена сцена, туку тука забележувам како педагог како професор една елементарна работа, а тоа е отсуство на домашно воспитување. И тоа е многу значајно да се каже. И кога отсуствува тоа домашно воспитување тоа вие во животот не можете да го надоместите, можете да го криете, да се маскирате, но порано или подоцна отсуството на домашното воспитување ќе излезе на виделина како што тоа вчера го направи Ковачевски, и ќе се служи со навреди коишто навистина погодуваат. Видете тоа се навреди кои што би рекол не доликуваат никому и на тој начин тој уште еднаш покажа дека не е достоен за позицијата којашто во овој момент како поставен таму ја обавува, а тоа е претседател на Владата на Македонија. Така што уште еднаш апелирам до него ако малку, ако малку сака да ја сочува својата чест, малку бидејќи таа е тотално изгубена, руинирана, доблесно е да се извини. Доблесно е да излезе и да се извини. Јас уште еднаш ќе го изразам своето шокирање и посакувам ова никогаш повеќе никому да не му се повтори, затоа што сепак ние сме луѓе кои што треба да бидат пример како треба, а не пример како не треба – нагласи Мицкоски.

    Во однос на скалдалите што ја тресат партијата на Али Ахмети, Мицкоски истакна дека ова е само почеток и дека има многу материјали за разобличување на криминалот на политичарите од Владата на ДУИ поддржана од СДСМ.

    – Ние единствено нешто што правиме во периодот и ќе правиме, ова е само почеток на разобличување на криминалот на политичарите од Владата на ДУИ поддржана од СДСМ и тука нема да застанеме. Ќе продолжиме и понатаму, верувајте, имаме доволно материјал да ја запознаеме македонската јавност и кои се криминалците и кои се криминалните зделки на тие политички криминалци. Дали го намалуваме коалицискиот потенцијал ќе каже народот на денот на изборите, народот е суверен на оваа држава и народот на избори кажува кој има кој нема коалициски потенцијал. Јас сум уверен дека нашиот народ е мудар, нашиот народ знае да оцени и знае да процени, и ВМРО-ДПМНЕ ќе добие огромно мнозинство гласови во Македонија, и следната влада ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ – истакна Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img