Мицкоски: Ако се прифати францускиот предлог ќе има комплетна асимилација на Македонците, а исто така ѝ се дава алатка на Бугарија кога сака и како сака да ја блокира Македонија да биде земја членка на ЕУ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потенцираше дека ако се прифати францускиот предлог ќе има комплетна асимилација на Македонците, а исто така ѝ се дава алатка на Бугарија кога сака и како сака да ја блокира Македонија да биде земја членка на ЕУ.

– Во документите кои што се ставени на увид на јавноста практично има неколку суштински работи кои мораме да ги одбиеме. Првото е што еден од документите се повикува на протоколот од втората меѓувладина конференција со Бугарија каде што практично се наоѓаат и историјата и образованието и спомениците и културата, сето она кое што е содржано во првата резолуција на Бугарскиот парламент од 2019 година и ако ние тоа го прифатиме, го прифатиме тој протокол практично комплетна асимилација е пред нас. И второто е во првиот документ, а тоа е практично преговарачката рамка во точката 5 каде имаме неколку услови. Покрај Копенхагеншките и условите кои се дефинирани со процесот на асоцијација, таму се наоѓаат билатералните договори односно на тој начин се дава алатка во рацете на Бугарија кога сака и како сака да нè блокира и покрај тоа што тоа до сега за ниту една земја која стана членка не било услов. Така да билатералниот договор не само Преспанскиот туку и Договорот за добрососедство се дел од понудената преговарачка рамка. Тоа се двете есенцијални работи кои што треба да ги одбиеме – рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски укажа дека трета точка зошто не треба се прифати овој предлог е во делот на давањето изјави каде што се повикуваме на две унилатерални изјави една од наша страна, една од страна соседна Бугарија каде што тие може да стават фуснота практично односно ѕвездичка на нашиот јазик, македонски јазик кој што е кодифициран.

– Третата е во делот на давањето изјави каде што се повикуваме на две унилатерални изјави една од наша страна, една од страна соседна Бугарија каде што тие може да стават фуснота практично односно ѕвездичка на нашиот јазик, македонски јазик кој што е кодифициран – додаде тој

Share This Article