Расправија изби на денешната седница во Собранието меѓу претседателот на Собранието Талат Џафери и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.
Мицевски истакна дека кога ќе побара процедурално обраќање кон пратениците, Џафери е должен да му го дозволи тоа.
– Оди си на место. Јас не сум нервозен, оди си на место, кога ќе ти дојде време ќе се обратиш – му рече Џафери на Мицевски,
На ова Мицевски му одговори дека не му дошол на гости дома.
– Не сме кај тебе дома претседателе Џафери. Кога координатор на пратеничка група ќе побара процедурално обраќање, претседателот на Собранието е должен да го дозволи тоа. Сигурно сега нема да се расправаме за оваа работа тука – рече Мицевски.