More

    Митреска: Потребен е холистички пристап за финансирање на зелената транзиција, од државата, приватниот сектор и од меѓународните организации

    spot_img

    Зелената транзиција бара значителни инвестиции, а за да се обезбедат доволно финансиски средства за целните резултати, потребен е холистички пристап, преку вклученост на владите, на приватниот сектор и силна поддршка од меѓународните институции. Потребна е многу поголема вклученост на приватниот сектор во зелените инвестиции во земјите во развој, којашто според анализите на ММФ, треба да се зголеми од 40% на 90% до 2030 година. Кај нас, учеството на зелените кредити во вкупните кредити на домашниот банкарски систем е удвоено во изминатите четири години, а билансите на корпоративниот сектор покажуваат дека има поголем простор за поддршка на зелената транзиција, истакна вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, на панел-дискусија на Втората регионална конференција еколошките и бизнис-лидерите, којашто се одржа во Србија.

     Вицегувернерката Митреска истакна дека во светски рамки, јазот во потребите за финансирање на зелената транзиција е повеќе од 50%, додека кај земјите во развој тој е уште поизразен. Напорите на владите за намалување на јаглеродните емисии се суштински, но фискалниотте простор е ограничен. Оттаму, потребно е финансиските системи повеќе да се вклучат во мобилизирање на средствата за инвестиции во справување со климатските промени и зелената транзиција. Притоа, таа ги истакна и зелените обврзници, како финансиски инструменти за мобилизација на средствата од приватниот сектор за финансирање на зелената транзиција, како и улогата на централните банки преку „зазеленување“ на нивното инвестициско портфолио.

     Како многу важна алка во процесот на обезбедување финансии за зелената транзиција, вицегувернерката Митреска ги истакна меѓународните организации коишто финансираат и поттикнуваат зелено финансирање кај нас. Вицегувернерката го посочи и новиот План за раст на Западен Балкан, во кој постои критериум според кој 37% од грантовите коишто ќе ги додели Европската Унија за поддршка на инвестициските проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ) треба да бидат наменети за проекти за справување со климатските промени.

     Регионалната конференција на еколошките и бизнис-лидерите е настан од висок профил, којшто ги обединува носителите на политиките, претставниците на меѓународните организации, експертите и претставниците на приватниот сектор од регионот и пошироко, во дебатата за водење одржливи политики, со акцент на екологијата и енергетиката.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img