More

    Митко Јанчев очекува пожарот на Серта да биде изгаснат денеска

    spot_img

    Пожарот на планината Серта се очекува денеска да се стави под контрола и да се изгаснат конечно големите стихии, истакна кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, кој заедно со градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов, беа на терен во неготинско.

    – Денеска се работи со четири булдожери, пет багери за отсечување на теренот и локализирање на пожарот кој веќе неколку дена се шири во неготинско. На терен се вклучени и полицијата и АРМ заедно со пожарникари од Неготино и Кавадарци, со седум цистерни кои го гаснат пожарот од земја, а додека ЦУК со АРМ и МВР интервенираат од воздух со три хеликоптери и два авиони – појасни Јанчев.

    Стојанов нагласи дека пожарот на Серта се гасне координирано од воздух и од земја.

    – Стотина припадници на АРМ, на Министерството за внатрешни работи, ТППЕ, јавни комунални претпријатија, припадници на Национални шуми, ловџии, волонтери и локално население од утринава масовно се вклучени во гаснењето на пожарот на планината Серта, а поддршка има и од соодветна механизација. Исто така, се дејствува и од воздух со два хеликоптера од воздухопловниот ВИНГ, два  авиона ер трактори, сето тоа во координација и насочен ангажман во гаснењето на пожарот – додаде Стојанов.

    Утринава претседателот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов информираше дека на падините на планината Серта има три активни пожари кои започнаа од еден ист пожар, а сега се одвоени. Тоа се пожарот во општина Неготино во атарот на с.Калањево, пожарот  во општина Конче, селата Горни и Долни Липовиќ и пожарот во општина Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце, м.в.Хаџи Реџепли.

    Двата далекуводи во неготинско на потегот од Пепелиште кон село Лакавица се исклучени од безбедносни причини со цел да се овозможат безбедни услови за интервенција од воздух и копно во гаснењето на пожарот. Исклучувањето нема никакви последици во тековното снабдување со електрична енергија, информираа попладнево од АД МЕПСО.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img