More

    Мистериозни дупки на дното на океанот: „Нешто важно се случува, но не знаеме што“

    spot_img

    Научниците повторно забележаа мистериозни ситни дупки ископани во седиментот кои се речиси рамномерно распоредени во права линија на дното на Атлантскиот Океан. Потеклото на мистериозниот феномен ги збунува научниците речиси 20 години.

    На повеќе од два и пол километри под површината на Атлантскиот океан, истражувачите неодамна повторно наидоа на линии од необични дупки.

    Научниците на американската Национална управа за океани и атмосфера (NOAA), кои неодамна истражуваа подводен вулкански гребен северно од Азорите, пред неколку дена привлекоа внимание на мистериозната појава. Тоа е област на среден океански гребен, која е дел од огромен подморски планински венец каде што се спојуваат две од тектонските плочи на Земјата. Потеклото на дупките засега е нејасно за научниците. „Дупките изгледаат речиси создадени од човекот, но седиментот околу нив сугерира дека се ископани“, се вели во соопштението за печатот на NOAA. „Се обидовме да ги прегледаме, но не можевме со алатот на возилото со далечински управувач. Исто така, не беше јасно дали дупките под површината се поврзани“, додаваат тие.

    Слични дупки ги збунуваат истражувачите речиси 20 години, тие биле забележани на истата област уште во 2004 година. Во тоа време тие биле наречени „lebensspuren“, што на германски значи „траги од живот“. „Изворот на дупките или начинот на нивното настанување е непознат, но подигнатиот талог може да укажува на копање од некој организам“, објаснија тогаш авторите на извештајот, додавајќи дека од снимките тогаш не можеле да утврдат дали тие биле населени со живи организми.

    Истражувачот на длабоки води на NOAA, Мајкл Векионе, кој беше вклучен во неодамнешното откритие и извештајот од 2004 година, изјави за Њујорк Тајмс дека „нешто важно се случува на оваа област, но не знаеме што. Ова покажува дека таму се уште има мистерии“, коментира Векионе.

    Необјаснетите сцени се снимени со помош на возило на далечинско управување кое плови преку Атлантикот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img