More

    Мистериозна светлина над Киев, се уште не се знае за што се работи. објави НАСА

    spot_img

    Мистериозниот блесок кој го осветли небото над главниот град на Украина, Киев, предизвика многу шпекулации, пишува Би-би-си.Синоќа на небото над Киев е забележан објект, соопшти регионалната воена управа. Тие на Телеграм наведоа дека украинските сили за воздушна одбрана се подготвени да го урнат објектот. Тие ги повикаа жителите да останат во засолништа. Украинскиот пратеник Олексеј Гончаренко на Твитер потврди дека над таа област е забележан „силен блесок на светлина“, но „не се слушнала експлозија“.

    Официјални лица во Киев изјавија дека се сомневаат дека сателит на НАСА паднал на Земјата, но американската вселенска агенција изјави за Би-Би-Си дека нивниот сателит се уште е во орбитата. Украинските воздухопловни сили сугерираат дека блесокот би можел да биде метеорит. Како и да е, воздухопловните сили изгледаат уверени дека блицот не бил резултат на руски напад.

    Брилијантниот објект е забележан на небото над главниот град околу 22 часот по локално време, што би било 21 наше.

    Активирана е тревога за воздушен напад, но „воздушната одбрана не беше активна“, изјави на Телеграм Серхиј Попко, шеф на воената администрација во Киев. „Според прелиминарните информации, овој феномен е резултат на падот на вселенскиот сателит на НАСА на Земјата“, изјави Попко.

    Американската вселенска агенција претходно оваа недела објави дека сателитот тежок 300 килограми повторно ќе влезе во атмосферата во среда. Вселенското летало RHESSI, кое се користеше за набљудување на сончевите блесоци, беше лансирано во ниската орбита на Земјата во 2002 година и деактивирано во 2018 година, објави НАСА.

    Но, Роб Маргета од канцеларијата за комуникации на НАСА за Би-Би-Си изјави дека сателитот сè уште бил во орбитата кога бил забележан блицот и дека повторно ќе влезе во атмосферата на Земјата преку ноќ. НАСА и американското Министерство за одбрана продолжија да го следат RHESSI, додаде тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img