More

    Мистериозен блесок го осветли небото над Киев

    spot_img

    Мистериозен блесок, кој синоќа околу 22 часот по украинско време го осветли небото над главниот град на Украина, Киев, предизвика многу шпекулации и загриженост кај украинските официјални лица, пренесуваат светските агенции.

    Регионалната воена управа на Киев на Телеграм соопшти дека станува збор за непознат објект и дека украинските сили за воздушна одбрана се подготвени да го урнат. Тие ги повикаа жителите да останат во засолништа. Украинскиот пратеник Олексеј Гончаренко на Твитер напиша дека е забележан „силен блесок на светлина“ над областа, но „не се слушнала експлозија“.

    Официјални лица во Киев претпоставуваат дека сателит на НАСА паднал на Земјата, но американската вселенска агенција НСА изјави за Би-би-си дека такво нешто не се случило.

    Украинските воздухопловни сили сугерираат дека блесокот би можел да биде метеорит. Во секој случај, воздухопловните сили се уверени дека блицот не бил резултат на руски напад.

    Активирана е тревога за воздушен напад, но „воздушната одбрана не беше активна“, изјави на Телеграм Серхи Попко, шеф на воената администрација во Киев.

    – Според прелиминарните информации, овој феномен е резултат на падот на вселенскиот сателит на НАСА на Земјата – изјави Попко.

    Американската вселенска агенција претходно оваа недела објави дека сателитот тежок 300 килограми повторно ќе влезе во атмосферата во среда. Вселенското летало RHESSI, кое се користеше за набљудување на сончевите блесоци, беше лансирано во ниската орбита на Земјата во 2002 година и деактивирано во 2018 година, објави НАСА.

    Но, Роб Маргета од канцеларијата за комуникации на НАСА за Би-Би-Си изјави дека сателитот сè уште бил во орбитата кога бил забележан блесокот и дека повторно ќе влезе во атмосферата на Земјата во текот на ноќта. НАСА и американското Министерство за одбрана продолжуваат да го следат RHESSI, додаде тој.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img