More

    Мистерија околу тајната средба во Москва

    spot_img

    Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, после бунтот кој предизвика сериозен потрес во Русија, бил на преговори со Владимир Путин во Москва. Кремљ првично се обидел да ги сокрие имформациите за средбата на  рускиот претседател и предводникот на платеничката воената формација, но откако веста за состанокот се појави во француските медиуми, стигна и официјална потврда од Москва.

    Францускиот весник Либерасион, повикувајќи се на западни разузнавачки служби, објави дека Пригожин бил во Москва после бунтот. Според извештајот, Пригожин бил задржан во Кремљ и преговарал со Путин за судбината на Вагнер.

    Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, вчера потврди дека Пригожин и Путин се сретнале на 29 јуни. Тој вели дека средбата траела три часа и на неа учествувале 35 лица.

    – Во тричасовната средба со 35 лица, двајца команданти на единицата Вагнер му кажаа на Путин дека ќе продолжат да се борат за него.Тоа е се што можеме да кажеме за оваа средба. Не можам да ви кажам повеќе, изјави Песков.

    Но, со вчерашното соопштение на Кремљ, со кое се прави обид да се разјасни ситуацијата и да се санира штетата, целата мистерија околу Пригожин, неговото исчезнување од јавноста и неговите врски со руското раководство станува уште понејасна.

    Западните медиуми студиозно ја анализираат ситуацијата во Русија која поради тајновитоста добива превез на мистерија и отвора сомнежи за тоа што навистина се случува во Кремљ.

    Си-Ен-Ен предупредува на невообичаениот тек на настаните, откако само пет дена по бунтот, најголемиот бунт во владеењето на Путин, шефот на Кремљ го поканува главниот бунтовник и неговите команданти кај него и заедно разговараат за идната соработка.

    Досега, Кремљ направи се за да ги минимизира последиците од бунтот уверувајќи ја јавноста дека ништо посебно не се случило.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img