Претседателот на НСДП – Нова социјалдемократска партија Горан Мисовски како потпретседател на Собранието присуствуваше на поставувањето на камен – темелникот на автопатската делница Тетово – Гостивар, која е прва од четирите автопатски делници во должина од 108,8 километри од Коридорот 8, како особено значајна инфраструктурна инвестиција.