More

    Мишустин ја надгледуваше секоја трансакција во земјата

    spot_img

    Технократот кој повторно ќе биде премиер на Русија, уште пред четири години му е омилен кандидат на претседателот Владимир Путин за оваа позиција. Михаил Мишустин во 2020 година бил изборот на Путин за премиер и покрај тоа што му нуделе четири други кандидати.

    Државната дума го прогласила за премиер без ниту еден глас против, првпат во историјата на Русија, а сè се случило само ден откако бил предложен.

    Како ќе биде овојпат? Откако Путин пролетв аго доби новиот петгодишен мандат пак го предложи Мишустин за функцијата. Ова го потврди Вјачеслав Володин, актуелниот претседател на Думата. Главната задача на Мишустин овојпат ќе биде „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.

    Токму Мишустин ќе треба да им објасни на пратениците како ќе го направи тоа пред да почне гласањето во Думата.

    Мишустин има позадина во програмирање. Завршил системско инженерство за да работи на информатички технологии и да го раководи Меѓународниот компјутерски клуб. Подоцна работел со системот за даноци и станал заменик министер за даноци. Неколку години работи во приватниот сектор за во 2010 година Путин да го назначи за шеф на даночната служба.

    Како шеф на службата, тој им објави војна на „валканите податоци“, поточно со проблемот на повратот на ДДВ.

    Кажано напросто, тој со помош на вештачката интелигенција и големите бази податоци на еден техничко-авториратарен начин ја надгледуваше секоја трансакција во Русија.

    Исто така, руската владата користела вештачка интелигенција за да ги идентификува лицата осомничени за даночно затајување. Овој систем на надзор резултираше со намалување на уделот на ДДВ ненаплатен од руските власти за време на мандатот на Мишустин; „Јазот во ДДВ“ наводно се намалил од 20% на помалку од 1%.

    Ова собирање податоци беше олеснето со новото законодавство кое бараше сите фактури од бизнис до бизнис да се достават до владата и бараше од сите трговци на мало автоматски да ги пренесуваат податоците за трансакциите во реално време до даночните власти преку процес на „онлајн каса“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img