Легендарниот пејач Мишо Ковач минатата недела заврши на болничко лекување. Неговата ќерка Ивана Ковач тогаш изјави дека пејачот е добро и дека има само висока температура.
Легендарниот Мишо Ковач (82) минатиот понеделник заврши во сплитската болница поради зголемена телесна температура. Како што објавија хрватските медиуми, пејачот имала проблеми со дишните патишта и бил лекуван со антибиотици.
Хрватскиот портал „24сата“ дозна нови информации за неговата состојба.
– Тато е добро. За неколку дена ќе излезе од болница – изјавила за „24сата.хр“ ќерката на Мишо, Ивана Ковач. „Температурата му е под контрола, односно се враќа во нормала.“
Ивана минатиот вторник изјавила дека легендарниот пејач превентивно бил пренесен во болница и дека лекарите ќе го задржат кратко.
– Вистина е, Мишо е во болница. Не е ништо сериозно, синоќа доби температура. Видете, кај него не е температура, како кај обичен човек, па мораме да го однесеме во болница. Тоа е повеќе попревентивно. Лекарите ќе го задржат извесно време, а потоа ќе го пуштат дома – објаснила таа.
Инаку, Мишо има, како што напиша „Јутарњи“, хронична опструктивна белодробна болест, па оваа хоспитализација воедно е и мерка на претпазливост. Неколкупати во последните неколку години познатиот пејач завршуваше во болница, а речиси секогаш имаше проблеми од ваков карактер.