Мишел и Барак Обама застанаа зад кандидатурата на Камала Харис

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешниот претседател на САД од редовите на Демократите, Барак Обама заедно со својата сопруга Мишел ја поддржа кандидатурата на актуелната потпретседателка Камала Харис.

„Претходно неделава, Мишел и јас ѝ се јавивме на нашата пријателка Камала Харис. Ѝ кажавме дека мислиме дека ќе биде фантастична претседателка на САД и дека ќе ја има нашата целосна поддршка. Во овој критичен момент за нашата земја, ќе направиме сѐ што можеме за да ја обезбедиме нејзината победа во ноември. Се надеваме дека ќе ни се придружите“, напиша Обама на Икс, како коментар на снимка на која се одвива нивниот телефонски разговор.

 

 

На снимката се слуша Мишел Обама како ѝ вели на Харис дека се гордее со неа и дека „ова ќе биде историско“. Се вклучува и Барак Обама, кој ѝ вели дека Мишел и тој се гордеат со својата поддршка за неа.

Според овомесечните анкети, само Мишел Обама, која и натаму е многу популарна меѓу демократските гласачи, го надмина Бајден и водеше против Трамп со 50 спрема 39 отсто во хипотетичкиот дуел.

Share This Article