„Горд сум на вас! На 24 април, вие избравте Македонија повторно да биде на секој од нас, да биде напредна земја во која граѓаните ќе бидат задоволни! Мојата, нашата идеја како ВМРО-ДПМНЕ, е да има подобро утре за секој од нас!“
Ова го рече Владо Мисајловски, носител на листата за пратеници во Изборна единица 2, на митингот во Ѓорче Петров.
– Доста беше беда, доста беше мизерен однос кон граѓаните, кон државата. Доста беше низок стандард, лош живот, отуѓена Mакедонија. Јас и мојот тим, ние како ВМРО-ДПМНЕ, секој ден сме со вас, со сите граѓани. Секој ден сум овде во Ѓорче Петров, во сите населени места, низ цела општина, но и во сите општини од Изборна единица 2 – додаде Мисајловски.
Мисајловски побара масовна поддршка од Ѓорче Петров за уште поголема победа на 8 мај и за реализација на програмата на ВМРО-ДПМНЕ.
– Нема партија која во Ѓорче Петров ќе го победи ВМРО-ДПМНЕ. Но, за да направиме многу реформи како поголеми пензии, 50.000 нови работни места, 5.000 денари за сите пензионери, нова позитивна листа на лекови, секое дете во градинка и сето она што го предвидуваме во програмата, ни треба мобилизација. Масовно да го направиме тоа на 8 мај, да победиме. Да сте ми живи и здрави, да победуваме – истакна Мисајловски.