More

    Мис Франција со кратката фризура ја подели публиката

    spot_img

    Студентката по математика Ев Жил ја освои титулата на новата Мис на Франција, а веднаш привлече големо внимание поради детаљот кој ја разликува од повеќето мисици.

    Имено, Ев нема долга и бујна коса како што обично носат девојките, туку има кратка момчешка фризура.

    Мис со кратка коса никогаш не победила на натпреварот, пишува француски „Л’Индепендант“.

    Реакциите се различни, додека некои ја фалат нејзината различност, многу корисници се шегуваат на новоизбраната мис на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер).

     

    – Како ви се допаѓа новата мис на Франција – прашал корисник со фотографија од маж со слична фризура.

    Некои, пак, не гледаат проблем во изборот на мисицата.

    – Овој пат не се согласувам со тебе. Мора да има долга коса и бујни гради за да биде жена? Овие коментари се многу сексистички – напишала повторно корисничката.

     

    Самата новата Мис Франција ја опиша својата победа како „победа на различностите“, но призна дека дури неодамна се одлучила за кратка фризура.

    – Навикнати сме да гледаме убави мисици со долга коса, но јас избрав андроген изглед со кратка коса. Решив да си ја скратам косата поради каприц, поради себе и да не бидам мис. Но, потстрижувањето на косата потоа извлече нешто од мене, ме промени и ме направи да изгледам посилна – рекла таа, а некои ја критикувале затоа што сметаат дека кратката коса не е „различност“, туку личен избор.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img