Поранешниот црногорски напаѓач Мирко Вучиниќ е осуден во Италија на двегодишна условна казна поради затајување данок.
Според италијанските медиуми, судот го прогласил поранешниот напаѓач на Лече, Рома и Јувентус за виновен за затајување данок.
Станува збор за периодот меѓу 2014 и 2017 година кога Мирко Вучиниќ настапуваше за Ал Џезира, а Италијанците го обвинуваат дека не пријавил приход од шест милиони евра.
Тој „скрил“ шест милиони евра
Неговиот адвокат тврди дека тогаш не бил финансиски поврзан со Италија и дека не бил должен да ги оправдува парите. Сепак, судијата пресуди против него.
Му се закануваше казна затвор од три години, но се чини дека беа пронајдени олеснителни околности поради што практично се извлече со условна казна. Сепак, заплената на неговиот имот веќе започна.
Вучиниќ зад себе има одлична кариера каде долго време беше најдобар напаѓач во Серија А, играше за две репрезентации Србија и Црна Гора и црногорската селекција по осамостојувањето.