Пратеничката од НСДП Соња Мираковска му возврати на бугарскиот пратеник Александар Јорданов во Советот на Европа дека е Македонка и дека тоа е нејзиниот идентитет.
Јорданов рече дека за Македонија реално да ги започне преговорите со Европската Унија најпрво треба да го промени Уставот и Бугарите да влезат во него, на што Мираковска му реплицираше:
– Вие мене, ниту на моите сограѓани, не можете никогаш да им кажете дека зборуваат на погрешен јазик. Јас сум Македонка, зборувам на македонски јазик, живеам во Македонија сега наречена Северна Македонија. И тоа е мојот идентитет – рече Мираковска.
Таа посочи дека проблем на Бугарија е што издавала бугарски пасоши на нелегален начин и заведени на адреса на една бандера.