Миовски повреден во игра, ја заврши сезоната предвреме

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски нема да може да ја заврши Првата фубалска лига во Шкотска бидејќи вчера беше повреден на теренот. Миовски мораше да го напушти теренот по 34 минути игра.

Фудбалерот Тјери Смол од „Сент Мирен“ директно згазна врз зглобот на Миовски и за малку не му ја скрши ногата.

 

Судијата покажа црвен картон дури по проверка на ВАР снимката, а Миовски со големи болки го напушти теренот и потоа се огласи на социјалните мрежи.

– За жал, ја завршувам сезоната со повреда на зглобот и добра вест е тоа што не е скршен. Ќе мора да направам дополнителни прегледи на лигаментите. Ви благодарам на сите за убавите пораки, ќе се вратам посилен – порача Миовски, кој поради оваа повреда најверојатно ќе ги пропушти квалификациските натпревари во јуни против Украина и против Англија.

На Миовски сега претстои магнетна резонанца за да се провери состојбата на лигаментите.

Неговиот тим „Абердин“ вчера на домашен терен го надигра „Сент Мирен“ и победи со 3:0.

Share This Article