Русија испраќа до 9.000 војници и стотици единици опрема во Белорусија, потврди официјален Минск, јави ДПА. Белорусија очекува околу 170 тенкови, 200 оклопни борбени возила и артилерија, изјави шефот на одделот за меѓународна воена соработка на белоруското Министерство за одбрана, Валериј Ревенко. Тој истакна дека информациите им ги пренел на воените аташеа на неколку земји.
Неговите коментари уследија откако рускиот претседател Владимир Путин и белорускиот лидер Александар Лукашенко објавија дека ќе се формира заедничка воена единица. Групата ќе може да се одбрани во случај на напад од Запад, изјави секретарот на Советот за национална безбедност Александар Волфович. Тој рече дека белоруските граничари претходно изјавиле дека границите на државата се заштитени со посилна безбедност.
Волфович истовремено нагласи дека Белорусија не се подготвува за војна и оти се одржуваат заеднички маневри како одговор на воените вежби во соседните земји на НАТО.