Членовите на новата холандска влада денеска положија заклетва, а меѓу нив првпат има и министри од Партијата на слободата, чиј лидер е Герт Вилдерс.
Владата беше формирана речиси една година откако претходниот кабинет поднесе оставка, наведува Ројтерс.
Во мај, Вилдерс постигна коалициски договор со три конзервативни партии, бидејќи се откажа од желбата да стане премиер.
Премиер ќе биде независниот политичар Дик Шоф, кој беше шеф на холандската разузнавачка служба и функционер во Министерството за правда.
Шоф дојде до израз со цел да ги ублажи грижите на коалиционите партнери на Вилдерс, поврзани со неговите антиисламски ставови.
Вилдерс рече дека сè уште верува дека исламот е насилна религија, исполнета со омраза и достојна за презир.