Министерството за земјоделство следната година ќе има за 45 милиони евра повисок буџет од годинашниот кој ќе изнесува 193 милиони евра

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерството за земјоделство следната година ќе има за 45 милиони евра повисок буџет од годинашниот кој ќе изнесува 193 милиони евра. Само за земјоделската реформа која предвидува нов начин на субвенционирање на земјоделското производство ќе бидат во износ од 140 милиони евра кои ќе бидат реализирани преку Агенцијата за поддршка на земјоделството. Ова беше соопштено на денешната прес-конференција на премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Според премиерот, важно е тоа што земјоделците со новата реформа ќе ги добиваат субвенциите авансно пред почетокот на производството.

– Субвенциите ќе ги добиваат тогаш кога ќе им се најпотребни. Дополнителни субвенции ќе добиваат земјоделците кои ќе произведуваат стратешки култура и оние земјоделци кои ќе произведат финален производ од своето производство. Земјоделците ќе треба да користат лиценцирано семе и ќе мора производите да ги продадат на лиценцирани откупни компании – рече Ковачевски.

Ова, како што рече, премиерот ќе придонесе за проиводство на храна во змејава.

Ковачевски најави дека следната година ќе почнат да се градат откупни центри во Ресен и Струмица и агроберза во Скопје.За тоа во буџетот на министерството за земјодлество се планирани 50 милиони евра.

Министерот за земјоделство Николовски рече дека ќе се реализираат неколку програми преку кои ќе се финансираат мали семејни фирми на земјоделците, семејни мали винарии и други мали бизниси на земјоделци.

Годинава ќе се вложува и во брани за наводнување во земјоделството, а следната година ќе биде пуштена во работа браната Конско и системот Равен – Речица во полошко.

Share This Article