More

    Министерството за здравство упати препораки до граѓаните за заштита од Конго-кримска треска

    spot_img

    Двајцата пациенти заразени со Конго-кримска хеморагична треска се стабилни, а нови заразени нема информираат од Министерството за здравство. Лекарите велат дека најкритичната фаза од болеста кај нив поминала и не се очекува влошување на нивната состојба. Што се однесува до ризичните и помалку ризичните контакти со заразените, нема други суспектни случаи ниту пак кај некои од контактите е потврдено присуство за ККХТ.
    Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, препорачаа превентивни мерки за заштита на граѓаните од Конго-кримска хеморагична треска која се пренесува од каснување на крлеж. Превентивните мерки главно се однесуваат на информирање на граѓаните и на здравствените работници на кој начин се пренесува болеста и како да се заштитат од неа.
    Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести на граѓаните им ги препорачуваат следните превентивни мерки за заштита од ККХТ:

    1.Со облека покријте ги рацете, нозете и другите експонирани делови – врат, глава

    2.Носете светло обоена облека за лесно да се забележи крлежот

    3.Испрскајте ја облеката со спреј на база на синтетски пиретроид
    *Внимавајте да не прскате од спрејот на кожата на откриените делови од телото

    4.Обезбедете репелент против крлежи и инсекти кои можат да се нанесуваат на гола кожа

    5.По престој во природа направете детална  проверка на своето тело и облека, како и на телото и облеката на вашите  децата.
    *Посебно внимание посветете им на влакнестите делови од  телото, каде крлежите најчесто се закачуваат, вклучително и главата,  вратот и пределот зад ушите, особено кај децата. Крлежите исто често се  закачуваат во прегибите на телото (во пазувите, во препоните, под  градите кај жените, стомачните прегиби и сл);

    6.Контролирајте ги домашните животни за присуство на крлежи

    7.Избегнувајте региони каде се присутни крлежи и делови од годината кога се тие најактивни

    8.Носете ракавици и друга заштитна облека додека ракувате со животни

    9.Избегнете близок физички контакт со лица заболени од ККХТ

    10.Носете ракавици и заштитна опрема кога се грижите за болните луѓе

    11.Редовно мијте ги рацете со вода и сапун после активностите за грижа/нега или посетата на болните луѓе.

    Министерството за здравство апелира до населението да не се создава паника бидејќи ККХТ не се пренесува лесно, туку единствено по каснување од крлеж заразен со вирусот. Како најизложени на оваа опасност се  риболовците, ловците и сточарите за кои укажуваме деа треба да бидат иклучиво внимателни и да ги почитуваат препораките за превенција.

    Друга голема група изложена на ризик се здравствените работници, заради контакт со телесните секрети – крв, тие треба да се заштитуваат со ЛЗО при контакт со сомнителни случаи – посочуваат од МЗ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img