More

    Министерството за здравство осудено за дискриминација

    spot_img

    Министерството за здравство сторило дискриминација на малолетни Роми кои имаат проблем со зависност од дроги со тоа што не обезбедило третман или рехабилитација за нив – пресуди Основниот суд Скопје II, информира Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР).

    Судот му нареди на Министерството да отвори центар за третман на деца кои користат психоактивни супстанци, да донесе програма за лекување деца кои користат дроги и да ги плати трошоците на Европскиот центар за правата на Ромите за водење на судската постапка во овој предмет. Одлуката ја потврдува пресудата од 2021 година што ја донесе истиот суд, која сега е финална и мора да биде извршена од страна на Министерството за здравство. Финалната пресуда претставува прва успешна тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес покрената од страна на ЕЦПР во Северна Македонија во име на Ромите.

    – Ова е победа за сите деца во Северна Македонија, не само за ромските деца, бидејќи таа го препознава нивното право на соодветен третман во случај на користење дроги. Преку оваа пресуда, судијката Кети Германова постави преседан за другите судии кои работат на предмети за дискриминација. Таа направи исчекор од донесување декларативна пресуда и правно го обврза Министерството за здравство да усвои конкретна програма и да изгради центар за лекување. Тоа е јасна акција во насока на исправање на долгогодишната неправда и загубата на многу млади животи поради нелекувана зависност од дроги – изјави правниот директор на ЕЦПР Сенада Сали.

    Судот го призна фактот дека ромските деца, кои имаат проблем со зависност од дроги, се дополнително дискриминирани поради нивната етничка припадност и нивната преголема застапеност меѓу децата корисници на дроги, како и тоа дека нивното право на здравствена заштита се прекршува во континуитет поради непостоење на програма за лекување.

    Овој предмет го покрена ЕЦПР во април 2020 година, откако беа собрани докази од сервисниот центар на една локална организација, како и од Народниот правобранител кој подоцна сведочеше пред судот. Мајка на двајца малолетници кои користат дроги, сведочеше за неможноста нејзините деца да бидат лекувани во здравствена установа.

    – Побарав детето да биде хоспитализирано на психијатрија, но тие не го примија бидејќи беше многу млад. Од таму ни рекоа дека не можат да направат ништо, тој дува лепак, треба да наполни 13 години за да може да го приведат. Јас им реков дека детето може да умре од лепакот пред да наполни 13 години – рече мајката во сведоштвото.

    Во Македонија повеќето деца кои користат дроги и други супстанци што создаваат зависност се Роми, кои се изложени на социјален ризик, односно деца на улица или без родителска нега. Хероинот е најчесто користената дрога што ја користат малолетните Роми.

    Програмата за лекување, што ја наложи судот, треба да вклучи интердисциплинарен приод и тим. Освен тоа, Министерството за здравство е задолжено да отвори центар за лекување на деца кои користат психоактивни супстанци, како и специјализирана здравствена установа која ќе нуди соодветна хоспитализација, третман и рехабилитација на децата кои имаат проблем со зависност од дроги во Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img