More

    Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека рокот за замена на регистарските таблички со нови, кои ќе ја содржат ознаката НМК, истекува на 31.12.2024 година

    spot_img

    Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека рокот за замена на регистарските таблички со нови, кои ќе ја содржат ознаката НМК, истекува на 31.12.2024 година.

    Сите возила кои сѐ уште имаат регистарски таблички со буквената ознака МК или со таблички кои не ја содржат ознаката МК (со три бројки), треба да ги заменат со нови регистарски таблички кои ќе носат националната ознака НМК. Дополнително, за оние што нема да ја заменат табличката, се нуди опција да се залепи налепница со националната ознака НМК, која исто така мора да биде поставена до 31.12.2024 година.

    – Министерството за внатрешни работи ги потсетува сите граѓани да ја заменат или дополнат својата регистарска табличка со налепница НМК најдоцна до крајот на годинава. Се апелираме граѓаните да не го остават ова до последен момент и да ја завршат постапката навремено – изјави портпаролот на МВР.

    Налепниците НМК може да се добијат во сите станици за технички преглед низ земјата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img