More

    Министерството за образование ќе се соочи со револтот на студентите

    spot_img

    Министерството за образование и наука (МОН) информира дека сите ученички и студентски стипендии на постојните корисници за учебната, односно академска 2023-2024 година се исплатени заклучно со јануари. За новите корисници, исплатата ќе се реализира во текот на неделата. Младите треба да се спокојни, сите средства кои им следуваат ќе им бидат целосно исплатени, уверуваат од МОН.

    Студентите денеска ќе протестираат пред Министерството за образование и наука поради, како што велат, неправдите врз нив и против неефикасното работење на ресорното министерство.

    Преку протест студентите ќе искажат револт од ненавремената исплата на продолжените студентски стипендии, од задоцнетите исплати на ваучерите за превоз, од доцнењата со исплатите по склучувањето на спогодбите за ретроактивна исплата на стипендиите и проблемите со мерката субвенциониран студентски оброк.

    „Оваа Влада нема практика да укинува права, туку напротив се заложува за унапредување на ученичкиот и студентскиот стандард и во таа насока, во последните неколку години се воведоа низа нови права и можности кои во минатото не постоеја. Воведени се нови категории стипендии, а месечните износите на постојните се зголемени, за одредени категории и за над 80%. Воведен е субвенциониран студентски оброк и износот на истиот дополнително зголемен на барање на студентите. Воведовме и низа антикризни мерки со цел поддршка на воспитно – образовниот процес на младите и покривање на дел од трошоците. Со интензивна заложба ќе продолжиме да ги штитиме нивните интереси и да помагаме во остварувањето на целите“, велат од МОН.

    Оттаму најавуваат дека наскоро ќе започне и етапната реконструкција на државните студентски домови. Потпишан е договор за изведба на градежните работи и подготвителните активности се во тек. Годинава се предвидени и реконструктивни активности во ученичките домови.

    „Остануваме во комуникација со организациите кои ги застапуваат учениците и студентите и заедно и во иднина ќе ги носиме одлуките кои ги засегаат“, додаваат од МОН.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img