More

    Министерството за надворешни работи го потврди протерувањето на тројца руски дипломати од земјава на 12 септември

    spot_img

    Министерството за надворешни работи (МНР) го потврди протерувањето на тројца руски дипломати од земјава на 12 септември.

    „На 12 септември во Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската Федерација кому му беше врачена дипломатска нота, со која тројца дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје беа прогласени како непожелни во државата (persona non grata). Ваквата одлука е донесена по информациите добиени од надлежните органи за преземени активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи“, се вели во соопштението на МНР.

    Информација беше објавена вчера попладне на налог на руската дипломатска мисија во земјава на платформата Х (поранешен Твитер“). Потоа беше објавен и коментар на портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

    Во нејзиното обраќање на Х, таа нагласи оти прогласувањето на тројцата дипломати за персона нон грата во земјава било без наведување на причина за таквиот потег од македонските власти.

    Захарова го овалификува потег како „непријателски и неодговорен“ и порача дека нема да остане без одговор.

    „На 12 септември властите на Северна Македонија, без објаснување на причините, прогласија тројца дипломати на Руската Амбасада во Скопје за «persona non grata». Неодговорниот и непријателски чекор на властите на Северна Македонија нема да остане без одговор“, се вели во твитот на Захарова.

    Информацијата за протерување на тројцата рудки дипломати прв ја објави порталот Алмакос, повикувајќи се на извори во МНР. Според Алмакос, протерани се политичките советници во руската амбасада И. Хропјачков, А. Рождевсдвенски, како и аташето С. Попов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img