Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини утре почнува со доделување вредносни ваучери на домаќинства за купување и поставување инвертер клими

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини утре почнува со доделување вредносни ваучери на домаќинства за купување и поставување инвертер клими. Како што соопшти, мерката е во насока на остварување на целите на Владата за поддршка на животниот стандард на граѓаните и намалување на аерозагадувањето.

Според Министерството, вкупно 6.182 домаќинства ќе добијат ваучери. Преку Програмата за енергетска ефикасност во домаќинствата добитници на вредносен ваучер од 23.000 денари или 25.000 денари се 4.591 домаќинствo, а преку Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија добитници на вредносни ваучери во вредност до 30.000 денари се 1.591 домаќинство.

Доделувањето на ваучерите ќе се одвива во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ од 9 до 17 часот и во Битола во Спортска сала „Боро Чурлески“ од 9 до 17 часот, додека за останатите градови, подигнувањето на вредносните ваучери ќе биде во центрите за вработување за што Министерството склучи меморандум за соработка со АВРМ.

За граѓаните што нема да бидат во можност да ги подигнат ваучерите на одредениот датум, обезбедена е дополнителна флексибилност – ваучерите да можат да ги подигнат до крајот на месецот, во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

– За да се избегнат одредени забуни во јавноста, Ве информираме дека изборот на добитниците на вредносните ваучери, како и изборот на правните субјекти кај кои ќе може да се искористат вредносните ваучери, беа спроведени од страна на Министерството за економија, согласно критериумите на јавниот повик. По направениот избор, новоформираното Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е одговорно само за организирање на доделувањето. Со цел олеснување и поефикасно доделување на ваучерите, процесот на дистрибуција оваа година е организиран со поголема флексибилност и достапност – наведува Министерството за енергетика.

Share This Article