Министерството вели дека има мало покачување на одредени параметри

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека согласно ингеренциите, редовно ќе ги следи и ќе ги објавува податоците од мониторинг станицата за квалитет на амбиенталниот воздух во Тетово, иако податоците не се видливи на веб страницата поради технички проблеми со главниот сервер.
„Истите, МЖСПП редовно ги објавуваше, на секој час, во текот на попладневите и вечерните часови, а почнуваќи од 6 часот наутро се објавуваат и ќе бидат објавувани и во текот на денешниот ден“, информираат од МЖСПП.

Во соопштението се додава дека податоците се достапни на веб страницата и на официјалниот Фејсбук профил на Министерството.

„Во моментот се забележува сосемо мало покачување на одредени параметри и нема место за паника“, наведуваат од МЖСПП.

Share This Article