Министерството уште преговара со СОНК, предлага формирање систем на плати

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата „Топ Тема“ на Телевизија Телма истакна дека социјалниот дијалог со синдикатите треба да продолжи сѐ додека не се најде соодветно решение. Таа рече дека две средби се малку за решавање на толку важно прашање.

Во врска со досегашното преговарање Тренчевска истакна дека на средбите се разговарало за воспоставување на систем на плати во јавниот сектор, кој би се договарал заеднички, а целта е платите да имаат постојан раст. Исто така се зборувало и за усогласување на платите со порастот на просечната плата и со трошоците за живот.

– Во овој момент треба да се насочиме кон економијата, покачувањето од 18,4 отсто не е соодветно во време на економско-енергетска криза, кога Владата изминатиов период ја донесе минималната плата, ги покачи пензиите и донесе пакет антикризни мерки. Моментумот за покачување на платите од 18,4 отсто не е реален – рече Тренчевска.
Министерката се осврна на растот на платите на вработените во градинките што ги направи оваа Влада.

– Во 2017 година, платата на воспитувач била 18.300 денари, денес во февруари платата е 26.574 денари. За негувател сега просечна плата е 19.560 денари, а во 2017 година негувателот земал плата 14.493 денари – рече Тренчевска.

Таа посочи дека согласно колективниот договор потпишан во 2019 година, меѓу МТСП и СОНК, сите барања се исполнети, а со потпишувањето на нов колективен договор ќе се предвидат сите барања доставени од синдикатите, како работното време за приправниците и кариерен развој, нешто на што министерството работи во моментов, со цел обезбедување на поголеми права за вработените во градините.

Во однос на приправниците, министерката рече дека согласно колективниот договор се работи за работна позиција и таа позиција не треба да се врзува со значењето на приправник согласно Закон за работни односи. Таа појасни дека со обезбедување на место согласно систематизацијата на работни места, приправникот се искачува место погоре, како и дека сите оние приправници кои ги исполниле условите, согласно закон и колективен договор, имаат согласност од министерството да се искачат за место погоре.

Share This Article