Се ситни првото економско полугодие, се црта ребаланс на Буџетот. Според последните достапни податоци заклучно со 11 овој месец реализацијата на капиталните расходи изнесува нешто над 17 отсто. Според најавите со ребaлансираниот Буџет преку кратења на непродуктивни трошења ќе се обезбедат околу 100 милиони евра, пишува Порталб. Но сумата од најавени над 600 милиони евра капитални расходи со сегашниот Буџет може да биде доведена во прашање – дел од проектите се во застој а дел од институциите во првиот квартал воопшто не прикажаа реализација. Вообичаено при прекројување на буџетската каса под нож одат токму и капиталните расходи.
Од ресорите, Министерството за одбрана иако раcполага со поголем буџет од над 80 милиони евра за капитални расходи, за три месеци реализирало само 7,7 отсто, Министерството за надворешни работи има реализација од 9,5 отсто, кај Министерството за финансии од планирани 8 милиони евра, реализацијата изнесува 12,6 отсто, Министерството за економија од вкупно 13,4 милион евра за капитални расходи, потрошило само 0,06 отсто, кај Министерството за труд и социјална политика кое со сегашниот буџет има 13,3 милиони евра – реализацијата изнесува само 6,4 отсто, а со потрошени само 6,9 отсто е Министерството за образование кое за капитални инвестции има за трошење 35 милиони евра.
Министерството за здравство од вкупно 20,1 милион евра за капитални расходи, во првите три месеци потрошило само 9,3 отсто додека од вкупен буџет за капитални расходи во износ од 15,5 милион евра, Министерството за внатрешни работи реализирало 16,3 отсто. Најголем процент на реализација за три месеци, од 44,5 отсто, има кај Министерството за политички систем.
Министерства – капитални расходи ( 31 март 2022)
Министерството за економија 0,06%
Министерство за локална самоуправа 0,31%
Министерство за култура 3,2%
Министерство за труд и социјална политика 6,4%
Министерство за образование 6,9%
Министерство за одбрана 7,7%
Министерство за здравство 9,3%
Можеби ќе ве интересира
ВО 2022 ГОДИНА ЌЕ ИМАМЕ РЕКОРД НА КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ…
МИА 21/01/2022
ОДИМЕ КОН ЕКОНОМИЈА БАЗИРАНА НА ИНВЕСТИЦИИ Буџетскиот…
Плусинфо 19/11/2021
Министерство за надоворешни работи 9,5%
МИОА 11,7%
МВР 16,3%
Министерството за земјоделство 22, 8%
Министерство за правда 24,9%
Министерство за политички систем 44,5%
Интересно е дека има институции кои располагаат со ниски суми за капитални расходи но за три месеци испорачеле висок процент на остварување, па така на пример Комисијата за заштита на конкуренцијата има на раполагање 8 000 евра а реализирала скоро 92 отсто, Секретаријат за законодваство од раположливите 6 400 евра реализирал 88,1 отсто додека Државниот просветен инспекторат од вкупно 4 300 евра потрошило 6 отсто%.
Со нула реализација се повеќе институции – па така на пример Претседател на Македонија за годинава има на раполагање 108 000 евра а во првиот квартал не е потрошен ниту денар, без реализација на капитални расходи се и Државната комисија за спречување корупација која има за тршење 101 000 евра, без реализација се и Регулаторната комисија за домовување, Агенцијата за управување со одземен имот не потрошила ниту денар од раположливите скоро 10 000 евра, Агенцијата за национална безбедност иако има на раполагање 4,5 милиони евра, за три месеци потрошило незначителни 0,04 отсто, Инспекторат за употреба на јазици е со нула реализација, а во оваа група се и Царинската Управа со остварување од 0,83 отсто, Управата за јавни приходи со реализација од 0,18 отсто, нула оставрување на капиталните расходи има и во Државниот инспектрат за животна средина, Државниот инспекторат за транспорт, Државниот комунален инспекторат, од вкупен буџет за капитални расходи во износ од 3,1 милион евра, Агенцијата за млади и спорт реализирала само 0,03 отсто, без реализација или со минимално остварување на капиталните расходи се повеќе државни комисии и институции – Државен архив, Државен завод за статистика, Биро за судски вештачења, Совет на јавни обвинителни, Народен правобранител, Агенција за вработување.
Влада пак која на раполагање има за трошење 27,5 милони евра во првите три месеци потрошила скоро 21 милион евра или 76 отсто.
Кои министерства и институции со колку пари ќе располагаат за капитални расходи ќе се знае наскоро. Лани реализацијата на капиталните инвестиции изнесуваше 78,3 отсто.
Клучно ќе биде дали со ребалансот не само што ќе преживеат туку и финансиски ќе зајакнат инфраструктурните проекти но и оние од енергетиката – особено кај гасификацијата.