Министерство за животна средина и просторно планирање: Прекинат праг на алармирање во Скопје, препораки за празничните денови

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 26.12.2022, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3 и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање.

Меѓутоа имајќи ја предвид стабилната временска состојба, согласно временската прогноза од УХМР и фактот дека има надминување на праговите на информирање на РМ10 за Скопје, можно е во следните денови да има зголемени концентрации на РМ10.

Од тој аспект Министерството за животна средина и просторно планирање препорачува:
Возила да не се користат без поголема потреба,
Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време,
Да се користи јавниот превоз,
Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал,
Правилно да се користат печките за дрва.
Дополнително, препорака на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија е најранливата популација (деца, стари лица, болни од хронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма) да го ограничат движењето и активностите на отворен простор во загадените зони на градот.

Share This Article