Министерството за здравство во Појасот Газа, под контрола на Хамас, објави дека 22.185 Палестинци се убиени во израелските воени операции во Појасот Газа од почетокот на војната на 7 октомври.
Во последните 24 часа загинале 207 лица, изјави истиот извор, не прецизирајќи колку од нив се борци, а колку цивили. Како што беше претходно објавено, две третини од убиените се жени, деца и малолетници.
Од почетокот на војната, 57.035 Палестинци се ранети, пренесе агенцијата Франс прес.
Во Израел загинаа околу 1.200 луѓе, повеќето цивили, а повеќето од нив во нападите на Хамас на јужна израелска територија на 7 октомври. Околу 240 луѓе беа киднапирани тој ден и однесени во Појасот Газа.
Израелските власти соопштија дека се уште се држат 129 заложници.
Во израелските копнени операции во Појасот Газа загинаа 170 војници.