Во текот на ноќта руската војска собори 19 украински беспилотни летала над четири руски региони и Црното Море, соопшти Министерството за одбрана во Москва.
Спречен е обидот на режимот во Киев да изврши терористички напад со 19 беспилотни летала на цели на руска територија, се наведува во соопштението.
Се тврди дека беспилотните летала биле уништени во областите Курск, Брјанск, Орел, Краснодар и над Црното Море, пренесува AFP.
Целта на четирите дронови соборени над Орел биле објекти на енергетската инфраструктура, на 300 километри југозападно од Москва, објавија локалните власти.
Според украинската армија, руските сили во текот на ноќта лансирале 16 беспилотни летала, од кои 10 биле уништени, пренесува Ројтерс.
Руски беспилотни летала оштетиле исклучиво цивилна инфраструктура во источен Харков, при што е повредено едно лице, соопштија украинските цивилни власти.