Безвизниот режим на Србија со Европската унија (ЕУ) не е загрозен, изјавија од Министерството за европски интеграции на Србија за Радио Слободна Европа (РСЕ).
Реакцијата дојде откако ЕУ предупреди дека безвизниот режим може да биде загрозен доколку Србија усвои поедноставени процедури за добивање државјанство.
„Србија, како кандидат за членство во ЕУ, секојдневно е во контакт со претставниците на ЕУ и нејзините тела, но предупредувањата дека е загрозен безвизниот режим, поради какви било, особено предложениот закон, не се и не можат да бидат. пишува во одговорот на Министерството за РСЕ.
Предлогот за измена на законот за државјанство е во собраниска процедура.
Предложените измени, доколку бидат усвоени, ќе им овозможат на странците кои имаат привремен престој во Србија повеќе од една година да поднесат барање за државјанство.
Треба да исполнат уште еден услов, кој е поврзан со образованието и вработувањето и да дадат изјава дека „србија ја сметаат за своја земја“.
Придобивките за државјанство ќе важат и за илјадници Руси кои пристигнаа во Србија од февруари 2022 година, кога започна руската инвазија на Украина.
Не се знае колку Руси добиле српско државјанство во редовната постапка минатата година.
Според посебна процедура, во која Владата одлучува за доделување државјанство на странец од „посебен интерес“ за државата, 50 руски државјани го добиле „златниот пасош“ на Србија во 2022 година.
Европската комисија изјави за Радио Слободна Европа (РСЕ) на 16 мај дека „поедноставените процедури за доделување државјанство може да претставуваат ризик за јавната политика или безбедноста на ЕУ, бидејќи Србија ужива безвизен режим“.
Измените на законот за државјанство, предложени од Владата на Србија, се уште не се ставени на дневен ред на Собранието за гласање.
Владата не одговори на прашањето на РСЕ дали ќе го повлече предлогот по предупредувањето од ЕУ.