Министерот за здравство вели дека Инспекторатот немал ингеренции за лековите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Имавме индиции дека во минатото се случила некоја злоупотреба на Онкологија, пред моето доаѓање за министер, го знаеме случајот со медицинската сестра, па откако сум јас министер, побарав од Инспекторатот да направат контрола. Тие биле на Клиниката за онкологија и радиотерапија и извршиле контроли во периодот од први јануари 2022 година до 31 октомври таа година. За овие десет месеци, според извештајот, нема некои пропусти, во секојдневното работење на клиниката.

Ова го изјави министерот за здравство Фатмир Меџити, во одговор на новинарско прашање што го поттикнало уште пред еден месец пред скандалот околу третманот на онколошки пациенти, да прати контрола од Здравствениот и санитарен инспекторат во Онкологија.

Но, тој потврди дека од Инспекторатот немале ингеренции во однос на лековите.

Меџити, одговарајќи на новинарски прашања по отвoрањето на Центарот за фетална медицина во ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство, рече дека со доаѓањето на функција, работи транспарентно, и информира за агендата на контроли во здравствени институции.

Share This Article