Министерот за здравство го разреши д-р Сашко Јовев од Кардиохирургија, па се закани: Ова е само почеток!

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Проф. д-р Сашо Јовев, кардихирург од светски глас, познат по тоа што го предводеше тимот што ги изврши првите трансплантации на срце во Македонија, е разрешен од функцијата директор на Државна кардиохирургија.

Проф. д-р Сашо Јовев

Д-р Јовев во изјава за порталот МКД потврди дека е информиран дека такво решение донел министерот за здравство Фатмир Меџити, но не го примил решението бидејќи е на боледување.

Сите вработени, лекарите, но и целиот медицински и немедицински кадар на Кардиохирургија се едногласни дека разрешувањето на Јовев претставува обид да се урниса една од јавните здравствени установи кои функционира на ниво и која ги третира најтешките случаи.

Тие целосно стојат зад долгогодишниот директор Јовев кој од Клиниката за кардихирургија според нивото на опременост и услуги кои ги пружа на пациентите создаде болница на ниво на западноевропските клиники.

Информацијата за неговото разрешување ја потврди министерот, одговарајќи денеска на новинарски прашања во Гинекологија Чаир, по промоција на новата онлајн услуга за електронска регистрација на новороденче.

– Веќе нема да има директори кои седат и спијат по 5 години, 10 години, немаат никаков резултат. Затоа здравството ни е во ваква амортизирана состојба. Секогаш кога ќе има нерегуларности во работењето и во сѐ другото, јас вака ќе постапам. Ова е само почеток, ќе видите понатаму со мене како министер нема некој да седи шест месеци и да нема извештај за сработеното – рече Меџити.

Директорското место на Кардиохирургија, неофицијално, ќе го преземе Ваљон Асани, интервентен кардиолог од Тетово, кој воопшто не е кардиохирург, а кој ќе биде поставен по желба на министерот.

Како што дознаваме, оставка поднел и директорот на Клиниката за психијатрија д-р Стојан Бајрактаров, кој наводно не можел да ги издржи притисоците од страна на министерот.

Share This Article