Министерот за здравство Фатмир Меџити го повика д-р Јовев да му биде советник во Кабинетот, како национален координатор за кардиохирургија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот за здравство Фатмир Меџити на денешниот брифинг со новинарите истакна дека разрешениот директор на Кардиохирургија, професор д-р Сашко Јовев му е пријател и пред неколку дена пиеле кафе заедно, но и дека му понудил да му биде советник во кабинетот.

Меџити тврдеше пред новинарите дека разрешувањето на професорот Јовев нема никаква политичка или друга заднина.

– Професорот ќе продолжи со работа како здравствен работник и ќе биде послободен од административни обврски, ќе има повеќе време за пациентите. Разрешувањето е во правец на подобрување на здравствените услуги – објасни министерот Меџити.

Тој го повика д-р Јовев да му биде советник во Кабинетот, како национален координатор за кардиохирургија.

Министерот рече дека причина за разрешувањето на Јовев е нивното несогласување во врска со плаќањето на дежурствата во текот на 2022 година.

Share This Article