Министерот за труд на Уганда, Чарлс Енгола е убиен од неговиот телохранител, објавија локалните медиуми.
Напаѓачот, чиј идентитет не е соопштен, се застрелал по убиството, јавува државната телевизија UBC.
Инцидентот се случил во куќата на Енгола во предградието на Кампала во вторникот наутро, а полицијата е на местото на злосторството.
Мотивот не е познат, но медиумите шпекулираат дека се работи за личен конфликт околу платата на телохранителот.
Очевидци тврдат дека телохранителот викал дека долго време не добил плата, иако работел кај министерот“, објави порталот „NilePost“.