Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски на социјалните мрежи сподели видео од градежните работи на автопатот Прилеп – Битола кој е дел од Коридорот 10д.
Оваа делница ја гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ која треба да заврши 40 километри пат за 3 години.
Главниот предизвик за исполнувањето на роковите е деминирањето на теренот, бидејќи треба да се отстранат експлозивни материјали од приближно 500 хектари.
Досега се обезбедени околу 100 хектари, при што се пронајдени 19.500 потенцијално експлозивни предмети, а отстранети се 200.