More

    Министерот за правда очекува најстрога казна за убијците на Вања

    spot_img

    Министерот за правда Кренар Лога изрази сочуство на семејствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски и жалење за големата трагедија во која безмилосно се одземени два живота.

    – Денеска е тажен ден за Македонија. Потресени сме и шокирани од настанот. Доживотен затвор е најмалата казна која треба да им се изрече на монструмите од оваа трагедија. Верувам во МВР и во ЈО дека на крајот, судот ќе ја изрече соодветната казна и правдата ќе излезе на виделина – рече Лога.
    Во однос на смртната казна, министерот Лога посочи дека Уставот ја забранува, а исто така имаме и усвоени протоколи и конвенции кои ја забрануваат смртната казна.

    – Јас сум меѓу тие граѓани во оваа држава кои мислат дека смртната казан би била спас за тие монструми и сум на таа страна тие да го доживуваат до крајот на својот живот во нивната свест тоа што го имаат направено и секој ден да го доживуваат сè потешкоовој настан. Доживотната казна затвор е најмалаta казна што треба да ја изречат нашите институции – изјави Лога.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img