Министерот за правда најавува измени во Кривичниот законик

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во моментов сите сме сведоци дека институтот на застареност, практично се злоупотребува, и затоа се работи на нов Кривичен законик, каде работат на оваа проблематика да нема релативна застареност – рече министерот за правда Никола Тупанчески н годишниот брифинг за медиуми.

Во однос на застарувањето на предметите Тупанчески посочи дека менаџирање во судството не е да се договорите колкава ќе биде пресудата, туку процесот да го доведете до крај, до правосилна, конечна пресуда.

– Не може на адвокатите да им забраниме реализација на процесните права, но мора да направиме дистинкција до каде е примена на процесно дејство, а од каде е злоупотреба – изјави Тупанчески.

Министерството за правда ќе иницира законски акт документите за полагање правосуден испит да се чуваат најмалку десет години во електронска форма, наместо една година како досега, најави министерот Тупанчески.

Според заменик министерот за правда Агим Нухиу, за аферата за полагање правосуден испит без соодветна диплома, треба да се бара одговорност од Комисијата, а не од кандидатот, кој за тоа нема вина.

Share This Article