More

    Министерот за правда на Украина, Денис Маљуска, и 14 украински пратеници вчера предложија закон со кој затворениците ќе може да служат војска

    spot_img

    Министерот за правда на Украина, Денис Маљуска, и 14 украински пратеници вчера предложија закон со кој затворениците ќе може да служат војска, пишува Политико.

    – Илјадници осуденици во Украина сакаат да ѝ се приклучат на Aрмијата – минатата недела рече министерот за правда.

    Тој нагласи дека нема ништо лошо во регрутирањето луѓе кои знаат да убиваат доколку можат да ги елиминираат руските напаѓачи.

    Украинската армија има проблем со муниција, но и со луѓе. Републиканците во Конгресот го блокираат новиот пакет за помош, што е главна причина за недостигот на муниција, но недостигот на борбена човечка сила произлегува од големите загуби на Украина во војната.

    Украинскиот закон во моментот не дозволува мобилизација на затвореници. Сепак, на почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, украинската влада помилува повеќе од 300 затвореници кои сакаа да ѝ се приклучат на Армијата.

    – Тоа искуство беше горе-долу успешно. Некои од тие осуденици станаа херои и добија медал. Сите разбираат дека можеме да користиме осуденици. И осудениците изразија волја да си ја заштитат земјата – рече Маљушка.

    Министерот рече дека предлог-законот за затворениците веднаш ќе се разгледува бидејќи ниеден претставник не се спротивставил на идејата.

    Тој додаде дека само затворениците кои го издржале поголемиот дел од казната и не се опасни за јавноста ќе може да се пријават.

    Украинските пратеници сè уште треба да разработат правила за контрола на затворениците. Нејасно е и дали ќе им биде намалена казната на оние кои отслужуваат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img